Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска во охридското село Велгошти ја стави во употреба реконструираната улица „Воденичарска“ со неколкуте краци кои прв пат по неколку децении добија уреден лик. На овие јавни површини се доизгради фекална и атмосферска канализација, а се поставија и бехатон плочки на патот кој години наназад беше земјен.
Градоначалникот Бакрачески истакна дека реализацијата на ваквите проекти произлегува од средбите и барањата со мештаните при што Општината секогаш се труди да создаде услови за нивна реализација доколку тие се навистина потребни.
- Изминатиов период бевме во директна комуникација со жителите на оваа улица. Од нив беше побарано да се реконструира улицата и да се доизгради и реконструира фекалната канализација во оние делови каде што таа досега не беше направена како и да се поврзе со главната канализациона мрежа. Денес на општо задоволство на граѓаните кои живеат тука ,а кои децении наназад немаа можност адекватно да ги обавуваат своите потреб и кои со тешкотии се движеа низ оваа улица и во лето и во зима го реализиравме овој проект . Реконструирана е површина од околу 700 метри квадратни, а вредноста на проектот е околу 1 милион денари. Можеби ова е мал проект за општина Охрид но е голем за жителите на ова место. Инфраструктурните зафати ги извршија екипи на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Градски гробишта“ и „Водовод“. Задоволството на граѓаните е огромно со оглед на тоа што за прв пат се уредува оваа улица- рече градоначалникот Бакрачески и истакна дека и наредниов период ќе се реализираат битни инфраструктурни проекти во Велгошти.
-Тука не застануваме, секако дека во периодов што следи имаме неколку предвидени проекти за Велгошти. Во овој момент се работи на водоводните инсталации , на подобрување на притисокот на водата за пиење во оној уличен крак кој што го снабдува со вода долниот крак на село Велгошти на спојот со населба Видобишта. За две до три недели екипите на„Проаква“ ќе бидат готови , а со тоа ќе реализираме уште едно барање на граѓаните на ова охридско село , кои во летните месеци се соочуваа со проблем на недоволен притисок или недостаток на вода од водоводните мрежи- подвлече Бакрачески.
Велгоштани презадоволни од реализацијата на проектот, со аплауз го пречекаа градоначалникот Бакрачески и се заблагодарија на неговите заложби за реализација на овој битен инфраструктурен зафат.
-Се заблагодарувам на општинската упарава на чело со градоначалникот Никола Бакрачески кои после 20 години успеаја да ни ја направат улицата. Секако и на работниците кои работеа од јавните претпријатија. Се надеваме дека ќе продолжат ваквите заложби. Благодарност и до директорот на ЈП „Нискоградба“, кој го исполни ветувањето. Ова е прва локална постава, прва власт која ги сослуша нашите барања. Ова е првиот градоначалник кој доаѓа да не види и ги слуша нашите проблеми. Во време на изборната кампања ни вети дека ќе реализира проекти битни за нас и навистина го исполни тоа. Од срце му благодариме и го поздарвуваме- изјави Григор Шибакоски, жител на улицата „Воденичарска“.
Пред само три и пол недели во село Велгошти беше пуштена во употреба реконстуираната улица „Александар Турунџев“. Во изминатиов период беа асфалтирани и реконструирани со бекатон плочки уште неколку улици во селото. Се што се ветило се исполнува постепено и континуирано зависно од приоритетите и потребите на мештаните.
Извор: www.ohrid.gov.mk |