Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ИСПОЛНУВААТ СИТЕ ВЕТУВАЊА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ КОИ СЕ ВО ИНТЕРЕС НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески и Локалната власт од Охрид , секогаш застануваат зад интересите на земјоделците и преземаат мерки во рамки на нивните надлежности и ингеренции. Навремено до Владата се доставуваат елаборатите за проценка на шета по елементарни непогоди, ова беше заклучено по одржување на 55-та  седница на Советот на град Охрид со една точка на дневен ред  на која беше усвоена предлог одлуката  за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од мраз, слана и ниски температури настанати на подрачјето на општина Охрид на 25. 04 2016 година.


По завршување на Седницата секретарот Димитар Спасески изјави:


 


-Согласно законската регулатива како одговорна локална самоуправа во период од два месеци од настанување на штетата  веќе сме подготвени истата да ја доставиме на одобрување до Владата на Р. Македонија. Имавме голем број на барања што значи имаше многу штети од оваа елементарна непогода и општинската комисија за проценка на штети навремено и доста успешно си ја заврши својата работа. Иако имавме една точка на дневен ред сепак таа предизвика определени дискусии генерално во однос на земјоделската политика. Она што сакам да го кажам е дека овие теми некогаш не трпат политички дискусии затоа што се во интерес на земјоделците како категорија којашто е предмет на интерес на сите нас. Градоначалникот Никола Бакрачески  веднаш штом дојде на оваа  функција го   реализира своето изборно ветување да отвори канцеларија за стручна поддршка на земјоделците на територија на општина Охрид. Таа канцеларија функционира повеќе од  три и пол години со вработено лице. Сите елаборати, сите насоки кои земјоделците ги добиваат каде треба да се упатат и  кои се активни огласи на кои тие може да учествуваат одат преку оваа канцеларија. Општина Охрид е една од ретките општини којашто посветува сериозно внимание на земјоделците иако тоа директно не е наша надлежност. За водење на земјоделската политика пред се е надлежно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку своите подрачни канцеларии и тука граѓаните може да ги добијат сите детални информации во однос на субвенционирање, користење на средства преку ИПАРД фондовите и сите придобивки кои граѓаните ги добиваат од овие земјоделски политики на Владата на Р. Македонија. Како Локална самоуправа апсолутно сме задоволни од сите мерки коишто Владата  ги презема во областа на земјоделието. Навистина во изминатиов период од 2006 година навака земјоделието е еден од врвните приоритети на оваа Влада. Секако се побројни се охриѓани коишто ги користат овие привилегии овозможувајќи си да подигнат нови насади и истовремено овозможувајќи си преку овие мерки и активности спроведени од страна на Владата на Р. Македонија да набават современа механизација со што полесно ќе ги обработуваат своите земјоделски површини. Во однос на елаборатот тој е законска обврска на општина Охрид и од 2001 година навака согласно законската одлука донесена од Собранието на Р. Македонија општините се вклучени во процесот на проценка на штети. Она што денес беше дискутирано на самата Седница да се воведе некакво осигурување, да се натераат земјоделците да ги осигуруваат поседите   тоа е личен чин и лична активност. Како што сите ние осигуруваме други предмети, движни и недвижни кои ни се во рамки на осигурителните компании така и земјоделците се должни да ги осигураат имотите се со цел сопствениот род да биде заштитен. Тука апсолутно помага и Владата на Р. Македонија преку директна субвенција во овој дел и ние тука немаме никаква надлежност освен што можеме да дадеме една силна поддршка на ваквата земјоделска политика на Владата на Р. Македонија – рече Спасески изразувајќи   надеж дека силната  владина  поддршка кон земјоделците ќе продолжи во зголемена форма со што нашето земјоделие конечно ќе стане сериозен конкурент на европските пазари.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1388  пати
Објавено на: 22.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©