Во насока на остварување на заложбите за омасовување на спорот во Охрид и подигањето на спортската свест кај младите, а истовремено тргнувајќи од стратегиските приоритети изнесени во Изборната Програма за развој на спортот во делот на спортската рекреација, овој викенд , во организација на општина Охрид, започна да се реализира проектот „ Спортско лето – спорт за сите“ во кој една од целите е возобновувањето на маалскиот фудбал.
Во остварувањето на проектот се вклучени и урбаните заедници на општина Охрид, кои се екипираат во тимови.
За денеска, со почеток во 19 часот е предвидено одржување на натпреварите помеѓу жителите на урбаната заедница „Стар град“, каде се пријавени 6 екипи за маалскиот фудбал и 4 екипи за баскет.
Финалната вечер ќе биде утре ( 10 август) со почеток во 19 часот.
Натпреварите ќе се одржат на игралиштето кое е во склоп на општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“.
Во овој дел предвидено е создавање концепт и воспоставување систем на натпреври во таканаречениот маалски фудбал и баскет кои подоцна би се вклучиле во систем на општински, зонски, регионални и државни натпревари.
Извор: www.ohrid.gov.mk |