Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДРЖАНА ВТОРАТА РАБОТИЛНИЦА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „МЛАДИТЕ КАКО НОСИТЕЛИ НА КУЛТУРАТА, ТРАДИЦИЈАТА И ЗНАЕЊЕТО ВО ОПШТИНА ОХРИД“
Untitled Document

Во големата сала на општина Охрид, денес,  во организација на секторот за туризам и локален економски развој во соработка со Факултетот за туризам и угостителство се одржа втората работилница од проектот „ Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во Општина Охрид “, финансиран и поддржан од Министерството за култура на Р.М.

Работилницата   беше посветена на значењето на традиционалната храна и начинот на презентирање на понудата и атрактивноста на готовиот производ, зашто „ да се доживее нешто убаво и да се раскаже на своите пријатели , тоа е најдобра реклама“ – истакна професорката Ангела Василеска од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

На работилницата присуствуваа голем број ученици  од средното угостителско училиште, студенти и поединци заинтересирани за производство и промоција на традиционалните рецепти, стекнување на поголема  вредност и брендирање на локалните призводи, а воедно беа презентирани  и можностите за отворање на сопствен бизнис преку производство и послужување на овој вид на храна на автентичен начин.

Работилницата чија цел беше да се поттикне, мотивира и долови креативноста на учесниците  и да се даде повеќе отколку што се очекува за да се добие лојален потрошувач ја постигна целта. Ревитализацијата на традиционалната кујна фузирана со класичната кујна ќе го даде посакуваниот бренд, кој пак е важен дел за  атрактивноста и уникатноста на понудата во Охрид како град препознатлив по својата традиција.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1318  пати
Објавено на: 31.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©