Изградбата на фудбалскиот терен со вештачка трева се одвива според
планираната динамика, велат од ЈП „ Билјанини извори“ . Со изградбата на
овој терен ќе се збогати и модернизира вкупната понуда на спортско-
рекреативниот центар.
Во рамките на стратегијата за развој на спортскиот туризам, изградбата на
фудбалскиот терен со вештачка трева, ќе овозможи домашните и странските
фудбалски екипни на подготовки, во Охрид да доаѓаат во текот на целата
година. Охрид има квалитетни сместувачки капацитети, пријатна клима и со
постојните спортски објекти и изградбата на нови , може да привлече голем
број домашни и странски спортски екипи и да стане најразвиен центар за
спортски туризам во регионов и пошироко.
Извор: www.ohrid.gov.mk |