Ученици од II, III, IV и V одделение од ОУ „ Ванчо Николески“ од Лескоец и од подрачните училишта во селата Куратица, Косел и Ливоишта, денеска беа во посета на Општина Охрид. При посетата, која е дел од практичната настава по предметот „ Општество“ , учениците се интересира за функционирањето на Локалната самоуправа, изборот и надлежностите на градоначалникот, Советот на општината и работата на локалната администрација.
Извор: www.ohrid.gov.mk |