Делегација на општина Охрид, денеска присуствуваше во селото Цер на манифестацијата за одбележување на 108 годишнината од херојската саможртва на Узунов и неговата чета.
Покрај делегацијата на општина Охрид, на гробот на Христо Узунов се поклонија и голем број на здруженија на граѓани, образовни институции и поединци.
Домаќините, месната заедница од с. Другово, приреди пригодна културно-уметничка програма на која присуствуваа голем број граѓани.
Извор: www.ohrid.gov.mk |