Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТВОРЕН ДЕН НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО
Untitled Document

Градоначалникот Бакрачески, денеска го посети отворениот ден на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. Тој на присутните средношколци им порача дека програмите кои ги нуди овај факултет и пријатната атмосфера ќе бидат одлучувачки за некои од нив своето школување да го продолжат токму во оваа високо образовна институција.

Факултетот за туризам и угостителство е расадник на врвни професионалци во делот на туризмот и угостителството која што претставува една од суштинските и најважни стопански гранка во развојот на Охрид. Новите тематски содржини и новите програми кои што во континуитет професорите и раководниот кадар на овај факултет овде се трудат да им ги понудат на потенцијалните студенти секако придонесуваат да се следат светските трендови во високото образование, а токму тоа Факултетот за туризам и угостителство го сместува во редот на врните високо образвони и научни установи во Република Македонија, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Тој додаде дека со новата кетеринг програма ќе им се овозможни на идните студенти стекнување на нови знаења и вештини, а исто така тоа е значајна придобивка за туристичките и угостителските работници во Охрид во насока на подобрување на квалитетот на услуги во делот на туризмот и угостителството.
Локалната самоуправа и Факултетот за туризам и угостителство имаат интензивна соработка. Како плод на таа соработка е и добиениот проект од ИПА програмата за прекугранична соработка од делот на „WATER NET ACTION“ .

Успеавме да добиеме проект кој што ќе биде во интерес за развојот на Охрид и на Факултетот за туризам и угостителство. Тоа е добар пример како треба институциите во  Охрид да соработуваат. Ние како Локална самоуправа и понатака ќе бидеме посветени на целосна подршка на сите тематски содржини и програми на овај факултет, рече градоначалникот Бакрачески.

Професроката др. Ангела Василеска изрази голема благодарност до општина Охрид и градоначалникот Бакрачески кои што континуирано ги поддржуваат, а како резултат на тоа е и добиениот заеднички проект и изрази голема благодарност до сите угостителски работници кои што беа дел од денешнит отворен ден на факултетот. После долго време најавување на кетеринг програмата,  за која што сметаме дека добро ќе функционира, имаме можност да ја промовираме денес пред присутните и сметаме дека ова ќе биде дополнителен импулс за матурантите да го одберат нашиот факултет, додаде продеканот  проф. Др. Цветко Андреески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1397  пати
Објавено на: 23.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©