Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИСПРАТЕНА ПОРАКА ЗА МИР ОД МАТУРСКАТА ПАРАДА 2014
Untitled Document

Со традиционалната порака за мир и со звуците на популарниот танц Квадрил околу 450 матуранти од трите општински средни училишта, денеска на Градскиот плоштад, ја одиграа Матурската парада 2014.
Општина Охрид е традиционален покровител на танцот, а градоначалникот Никола Бакрачески ја отвори деветтата по ред Матурска парада.

Пред Вас е отворен пат кој секој посебно ќе го осмислува и секој посебно ќе го поминува. Бидете достоинствени, бидете храбри да се соочите со предизвиците кои секогаш стојат пред човекот. Бидете цврсти во Вашите одлуки да напредувате во животот, само на оној начин кој нема да ги наруши човечките етички вредности. Посветете се на стекнување на повисоко образование, на стекнување на вистинско знаење, зошто тоа е патот кон успехот и една од работите која во животот никогаш нема да може да Ви биде одземена. Но, пред се, бидете среќни и направете и другите да се чувствуваат среќни со Вас, рече градоначалникот Бакрачески.

Охридските матуранти, заедно со своите врсници од стотина европски градови точно на пладне, синхронизирано го одиграа танцот квадрил, на звуците од Штраусовата опера „Лилјакот“. Оваа година бројот на матуранти кои учествуваа на парадата беше најголем.
Честитки за матурата и желби за здравје, да бидат среќни и да се остварат нивните младешки мечти, им посака градоначалникот Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1305  пати
Објавено на: 23.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©