Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ ТРЕБЕНИШТА - КИЧЕВО
Untitled Document

Денес во Општина Охрид се одржа Jавна расправа по однос на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изградба на  на автопатот А2 - делница Кичево- Требеништа и на автопатот А3 - делница крстосница Подмоље – Охрид

Од страна на експерти за животна средина,односно изработувачот на студијата, беа презентирани потенцијалните значајни влијанија на предложениот проект, врз определени области и медиуми на животната средина. Истакнато беше дека вообичаена пракса е да се земат во предвид и содејствата на прикажаните влијанија (кумулативните влијанија).Поради тоа што се работи за нов линиски објект кој единствено ќе го надополни и подобри инфраструктурното поврзување на Југозападниот дел на Р.Македонија, треба да се напомене дека нема да има содејство на утврдените влијанија и појава на кумулативни ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето.

За обезбедување на правилен развој на регионите низ кој поминува проектираната траса на автопатот К8, а со цел да се намалат можните негативни ефекти врз животната средина, локалното население од социјален и економски аспект, потребно е инвеститорот /изведувачот да постапи по насоките предвидени во Студијата.

Идејата за автопатско поврзување на Охрид е актуелна повеќе години, но овој амбициозен проект се уште е на почеток од реализација.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1242  пати
Објавено на: 29.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©