Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ КАЈ РЕКАТА ГРАШНИЦА
Untitled Document

Просторот кај реката Грашница, кој долго време беше запуштен и обраснат со трња се уредува. По налог на Локалната самоуправа, денес, јавните претрпијатија во координирана акција започнаа со отстранување на шутот и трњата. Откако ќе завршат активностите за расчистување, ќе се продолжи со хортикултурно уредување на просторот.

Оттука ќе поминува пешачката која што се протега од Кошишта по северната страна на калето кон Лабино и Канео, а од Лабино ќе води кон Воска и Даљан и кон извидничкиот центар.

Со уредувањето на овој простор и со пешачката патека, градот добива уште еден простор каде охриѓани и гостите ќе имаат можност за рекреација и уживање во прекрасните пејсажи на Охридското езеро и калето.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1458  пати
Објавено на: 08.02.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©