Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНАТА ПЛАНИРА НОВА НАМЕНА НА СЕГАШНАТА КАСАРНА
Untitled Document

Дел од Охридската касарна ќе се предаде во сопственост на Општина Охрид, најави  денес  градоначалникот Никола Бакрачески.

“ За таа цел ние веќе ја имаме започнато  постапката и  денес  очекуваме стручни служби од  министерството за одбрана да дојдат во локалната , да се договориме за начините на преземање на земјиштето. Потоа се надеваме дека ќе следи владина процедура околу пренамена на ова земјиште односно преминување на истото  од ингеренции на ресорното министерство  на Општината“, потенцира Бакрачески.

Според првичните најави  на просторот каде е Касарната, локалната ќе пробива централна улица, еден дел од просторот ќе се пренаменува за образовни цели, ќе се изгради црквичка, спортски центар и станбено-деловен комплекс. 
Инаку веќе во Владина процедура е постапката за преземање  на земјиштето на делот кај Мауцхеркое од  Министерството за одбрана се предава на Општината , каде што е предвидено  да се  гради  индустриска развојна зона.  

 Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1238  пати
Објавено на: 02.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©