Делегација на општина Охрид составена од советниците, Јадранка Василеска
Здравеска, Климе Шешоски и Љупчо Настоски, положија свежо цвеќе пред
споменикот на паднатите борци во востанието на Рашанец 1903 и НОБ на
Македонија во с. Плаќе.
Во рамки на илинденските празнувања, во ова село, се организира и богата
културно уметничка програма по повод Патронатот на црквата „Св. Илија“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |