Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ГО ОТВОРИ ФЕСТИВАЛОТ НА ЕГИПЌАНИТЕ - „SOUND OF EGYPT’’
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ со пригодно обраќање, го отвори Четвртиот по ред фестивал на музичко и фолклорно творештво на египќаните - „Sound of Egypt“ .

- Вечерва имам особено задоволство да ги поздравам присутните во Центарот за култура во Охрид, изведувачите, организаторите на Четвртото издание на „ Sound of  Egypt“ - фестивалот на музичкото и фолклорното творештво на египќаните од Република Македонија и посебно претставниците на Здружението на Египќаните од Охрид, со кои очекувам натамошна интензивна соработка. Искрено се надевам дека низ шаренилото на звуци и напеви презентирани вечерва, ќе потече позитивна енергија, која е своевиден белег на оваа етничка заедница и значаен дел во вкупните културни обележја на нашиов простор  – рече градоначалникот Бакрачески

Градоначалникот Бакрачески додаде дека „Египќаните од Охрид, се значаен чинител во градењето толеранција и соживот, што е основ за развој на заедницата. Денес, Охрид и Република Македонија во Египјаните препознаваат пријатели, соседи и сограѓани со кои можеме  да решаваме заеднички проблеми и да ја градиме заедничката иднина“ .

Во знак на благодарност за подршката која ја добиваат од Локалната самоуправа и лично од градоначалникот Никола Бакрачески, претседателот на Здружението на Египќаните од Охрид, му врачи благодарница.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1252  пати
Објавено на: 02.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©