Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР
Untitled Document

Со цел превентивно да се делува во заштитата на здравјето на корисниците на услугите кои ги нуди јавното претпријатие „Градски пазар“, односно да се редуцираат и уништат причинителите кои штетат на човечкото здравје, стручни лица извршија дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просторот определен за продажба на земјоделски производи.
Со ваквата активност се превземаат превентивни мерки за спречување на појава од инсекти и глодари кои имаат епидемиолошко значење поради пренесување на заразни болести.

Според Законот за заштита на населението од заразни болести, превентивна дезинфекција е задолжителна во здравствените установи, училишни,предучилишни и социјални установи, угостителски објекти и јавни објекти (аеродроми, пазари, станици и сл.), како и во објекти за производство, промет и складирање на храна.
Превентивната дезинфекција се врши на секои шест месеци од стручни лица на фирма регистрирана за оваа дејност.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1233  пати
Објавено на: 15.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©