Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО ПОСЕБНИ МЕРКИ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ЌЕ ГИ ПОМАГА И ЛОКАЛНИТЕ БИЗНИСМЕНИ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше средба со  охридските бизнисмени кои до општината доставиле проекти за развој на нивните компании. На средбата беа разгледани можностите за поддршка на развојот на локалните бизниси од  страна на Локалната самоуправа.

Заеднички беше заклучено дека има сеуште неискористени можности за помош на охридските бизнисмени, а градоначалникот Бакрачески потсети дека не ги дели домашните и странските инвеститори и дека бенефициите на Владата и Локалната самоуправа  важат и за едните и за другите.Градоначалнико ги информира и за можностите кои им ги нуди општината кои се битни за развој на нивниот бизнис, а кои секако ќе обезбедат економско заживување на Охрид. 

На средбата беше разговарано и за формирање посебна стручна служба во општинската администрација, која би работела  на забрзувањето на постапките и помош на локалните инвеститори.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1234  пати
Објавено на: 11.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©