Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бР. 53/05,81/05,24/07,159/08,83/09,48/10,51/11,123/12,93/13,42/14 и 44/15) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08)
Градоначалникот на Општина Охрид
О Р Г А Н И З И Р А
1. Јавен увид и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Детален Урбанистички план за УЗ 5, дел од УБ 5.4, КО Охрид 4, Општина Охрид.
Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа ,Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за Детален Урбанистички план за УЗ 5, дел од УБ 5.4, КО Охрид 4, Општина Охрид .
2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Сектор отза заштита на животна средина и управување со отпад , во Општина Охрид секој работен ден од 8 - 16 часот почнувајќи од 05.08.2015год. до 03.09.2015год.
3. Јавната расправа ќе се одржи на ден 27.08.2015г. во малата сала на Општина Охрид ,со почеток во 12.00 часот.
4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење ,забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил : urbanizam@Ohrid gov.mk , или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |