Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОДОЛЖУВА УРЕДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ
Untitled Document

Со соодветна механизација, по налог на Локалната самоуправа, денеска екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ го уредуваат просторот кај поранешната зграда на МРТВ.

Просторот кој веќе со години е запуштен со искршени прозорци, изгравирани ѕидови и пропадната фасада, претставува собиралиште на скитници и зависници на дрога, а жителите години наназад апелираат да се интервенира и да се уреди просторот конечно ќе го добие својот урбан изглед.
Според предвиденото , денеска се сечат гранките на дрвјата и се чисти депонијата која со години се шири.

Од понеделник екипи на Ј.П. „“Нискоградба“ ќе поставуваат столбчиња со кои ќе се обележи паркот кој хортикултурно ќе го уредува работната единица „Паркови и зеленило“   при Ј.П. „Охридски Комуналец“ .

Простосорот , дополнително ќе биде и осветлен, односно ќе се врши замена на светилките и  интервенција на инсталациите на столбовите за улично осветлување.

Локалната самоуправа континуирано ќе продолжи со активностите кои се однесуваат на комуналната уреденост, изградбата и реконструкција на инфраструктурни објекти, јавната хигиена, водоснабдувањето, заштитата на животната средина се додека Охрид не го добие приматот на град уреден според светски стандарди.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1249  пати
Објавено на: 04.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©