Во тек се финални подготовки на подлогата за асфалтирање, нивелирање и збивање на тампонскиот слој како и поставување на сливници во последните две фази од градба на кружниот тек на пресекот на бул. „Туристичка” и ул.„Македонски Просветители“.
Според планиранта динамика на изведувачот, поставувањето на првиот слој на асфат за порамнување ќе отпочне утре во периодот помеѓу 11 и 15 часот поради што делови од улиците „Македонски Просветители“ и „7 Ноември“ ќе бидат затворени за сообраќај. Во зависност од временските услови односно максималните дневни температури се очекува поставувањето на завршниот слој на асфалт на оваа крстосница во последните две фази од градба да биде во деновите недела односно понеделник 20.12 и 21.12.
По завршувањето на асфалтирачките работи на оваа кружна крстосница изведувачот ќе ја постави комплетната хоризонтална и вертикална сигнализација на целата крстосница по што сообраќајот ќе се овива според новиот режим на сообраќај.
Извор: www.ohrid.gov.mk |