Нов уреден плоштад ќе добие населбата Рача во Охрид. По тој повод градоначалникот Никола Бакрачески на терен констатираше како се одвиваат тековните активности кои се во завршна фаза. Проектот е едно од ветувањата на градоначалникот кое по средбите со граѓаните на оваа урбана заедница беше оценето како приоритетно. Со овој зафат неуредениот простор во кој дел од мештаните дури депонираа отпад доби нов уреден лик
.
За неколку месеци успеавме сиот тој неред да го санираме, да го исчистиме и започнавме со изградба, со што најдовме едно современи решение за плоштад во оваа урбана заедница. Како што гледате, најголем дел од градежните работи се при крај . Се поставува подлогата од бехатон, гранитни и бетонски плочки. Во површина од 520 метри квадратни поставени се инсталации за осветлување . Во наредната фаза плоштадот ќе биде и хортикултуно осмислен. Сиот овој простор се градеше со финансиски средства на Локалната самоуправа. Проектот предвидува и изградба на забавен парк за деца. По конечната реализација на проектот, Рача ќе добие привлечно катче за одмор, забава и рекреација за сите граѓани независно од возраста. На овој начин реализираме едно од приоритетните ветувања за жителите на населбата Рача, изјави непосредно по обиколката , градоначалникот Никола Бакрачески.
Современиот плоштад во Рача треба да биде готов за не повеќе од десет дена. Надлежните при Општина Охрид со апел до Урбаните и Месните заедници да доставуваат барања за вакви или слични проекти и активности бидејќи согласно политиките на градоначалникот Никола Бакрачески, решавањето на комуналните проблеми на граѓаните треба да биде во најтесна корелација со нив.