Утревечер , со почеток во 20.30 часот во атарот на с.
Велгошти (црква св.Петка) ќе се одржи традиционалната културна
манифестација “Вечер на Живко Чинго”.
Според програмата предвидено е полагање на цвеќе пред споменикот на Живко
Чинго по што се очекува обраќање на претставник од
општина Охрид. По традиција ќе се одржи и Беседа за писателот
а потоа ќе биде и врачувањето на наградата за најдобар расказ, што општина
Охрид ја додели по претходно распишан конкурс. Манифестацијата ќе биде
заокружена со Културно –уметничка програма.
Годинешната“ Вечер на Живко Чинго“ е 26-та по ред.
Извор: www.ohrid.gov.mk |