Во ноември и декември 2014 година се одржа Меѓународен интернет проект,
наречен „Мост Дружбе“, организиран од Центар за телекомуникации и
информатички систем на образование од Рославска област, Русија. Во проектот
учество зедоа ученици од ООУ „Кочо Рацин“. За активното учество на
учесниците им беа доделени сертификати и дипломи за индивидуален или групен
придонес во проектот. Ученикот Филип Ставрески доби сертификат за
индивидуално учество, додека учениците Стефанија Алачкоска, Наталија
Димоска, Андреј Јованчев, Теа Николоска, Тео Николоски, Анабела Стефаноска
добија диплома на тема: „А у нас так говорат. Возрасната категорија за
учество како тим во проектот беше од 7 до 11 години. Ментор на учениците им
беше наставник Виолета Петковска.
Извор: www.ohrid.gov.mk |