Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НАЈАВИ РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО НЕЛЕГАЛНИТЕ СТАНОИЗДАВАЧИ
Untitled Document

За проблемите кои се појавуваат во изминативе години, а во пресрет на претстојната сезона, Локалната самоуправа во соработка со Секторот за внатрешни работи од Охрид, подрачната единица на Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција, денеска организираше работен состанок на кој се очекува заеднички да се изнајдат решенија и заклучоци и сериозно да се пристапи на проблеомот со нелегалните станоиздавачи.

Нашата тенденција е во иднина да градиме елитен туризам, туризам заснован врз основа на сите европски стандарди кои што се пропишани од оваа област и од тие причини овај состанок е почеток на една координација на сите надлежни институции, се со цел тоа да стане минато за Охрид - истакна секретарот на општина Охрид  Димитар Спасески.

Од она што е направено како анализа од страна на Секторот за туризам и ЛЕР, во Охрид има голем број на викенд станови кои што во текот на годината се напуштени, не  се  одржуваат,функционираат два или три месеци и на некој начин претставуваат нелегална конкуренција за сите оние кои што се занимаваат со туристичка дејност.
Заедничка заложба е од оваа година е градот да се претстави во едно поинакво светло што ќе значи нов почеток, нов развој на туризмот, а несомнено главен дел од таа активност  ќе биде превземањето на сериозни мерки во областа на туризмот, пред се со решавање на проблемот со овие нелегални станоиздавачи, интегрирањето на софтверот, решавањето на статусот на викенд становите и низа други прашања кои ќе произлезат од средбата.

 

Во областа на туризмот сме свесни дека се нанесува штета пред се во делот со нелегално издавање на таквите станови. Сопствениците си имаат право на сопственост и да ги користат така како што тие сакаат, но наша грижа е заедно со надлежните државни институции да го спречиме нелегалното експлоатирање на тие станови. Секој оној којшто ќе сака да го издава сопствениот стан треба да влезе во процесот на категоризација како што се пропишаниоте правилници и пропишаните норми. Доколку не влезе, наша е обврската да ги категоризираме во нелегални станоиздавачи и да постапуваме соодветно со сите можности кои ни ги дава законот и соодветните правилници да постапуваме. За тоа многу ќе ни помогне интегрирањето софтверот. Кога ќе профункционира тој софтвер ние ќе имаме комплетно движење на гостите во градот. Се друго што нема да биде евидентирано, претпоставувам ќе е нелегално и на тој начин ние ќе ги детектираме сите станови кои нема да се регистрираат а ќе се издаваат – рече секретарот Сапсески.

На овај начин ќе се надминат проблемите  кои што години наназад се провлекуваат во однос на нелојална конкуренција во овој дел и во однос на сместување под стандардите кој што нормално треба да се обезбедат.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1235  пати
Објавено на: 29.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©