Во рамки на новогодишните активности, а во знакот на предвидените мерки за социјална заштита и грижа, денес Општина Охрид, во соработка со Општинската Организација на Црвен Крст, во просториите на ДУТУ “Ванчо Питошески“ организираа новогодишен ручек и забава за ранливите категории лица од Охрид.
Во име на Општина Охрид , новогодишните празници на оваа категорија луѓе им ги честита Претседателката на Совет , Гордана Коњаноска, посакувајќи им добро здравје, семејна хармонија и решавање на социо- економскиот проблем во 2014 година.
- Големо е задоволството да бидам дел од ова дружење и настан кое што се организира во насока на тоа сите заеднички да ја почувствуваме магијата на празниците кои што доаѓаат , да обезбедиме моменти на релаксираност и радост, моменти во кои за миг ќе заборавиме на она што ни се секојдневни грижи , рече Коњаноска потенцирајќи дека новото Локално раководство неуморно работи на создавање услови за подобрување на економскиот статус на охриѓани.
- Локалната самоуправа е со постојана тенденција суштински да ги решава проблемите на сите ранливи категории односно на сите единки од нашето општество и тоа е во насока на подобрување на економскиот амбиент, отворање на нови работни места а со тоа суштинско решавање на проблемите кои што ги тиштат овие категории луѓе, истакна Коњаноска.
На радост на најмладите ,Коњаноска заедно со Секретарот на Општината, Димитар Спасески и директорите на неколку јавни претпријатија, доделија новогодишни пакетчиња. Во знакот на новогодишните празнувања дружењето продолжи со Дедо Мраз кој ги забавуваше, играше и пееше со децата кои присуствуваа на случувањето.
Извор: www.ohrid.gov.mk |