Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРИВРШУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ГОДИНАШНОТО СЛАВЕЊЕ НА „ БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ“
Untitled Document

Годинашното славење на големиот христијански празник „ Богојавление - Водици“ и  Денот на рибарите, ќе биде надополнето и со нови содржини кои ќе се реализираат во соработка со Локалната самоуправа, хотелско угостителскиот еснаф и бизнис заедницата.

- Оваа година општина Охрид, во соработка со бизнис заедницата се ангажира за организирање на  нови содржини кои треба да ја збогатат понудата пред одржувањето на најмасовната црковно- народна церемонија за осветување на водите на Охридското Езеро на празникот „ Богојавление- Водици“. Во четврток на 17- ти јануари , во спортската сала „ Билјанини извори“ со почеток во 21 часот ќе се одржи голем концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, а во сабота на 18-ти јануари во Центарот за култура „ Григор Прличев“ со почеток во 19 часот и 30 минути  гостува хорот „ Св. Злата Мегленска“ – рече на денешната прес- конференција, Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризам и Локален економски развој при Локалната самоуправа.

Од здружението на граѓани за целосна афирмација на МПЦ- ОА „ Богојавление“ најавија дека привршуваат подготовките за двете големи манифестации и очекуваат на чинот на фрлањето на Светиот крст во водите на Езерото да има над илјада капачи од Охрид и од другите градови од Република Македонија но и туристи, пред се од соседните земји.

-Чинот на фрлањето на светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро ќе се случи на 19- ти јануари , на „ Богојавление- Водици“ во 10 часот и 15 минути на градското пристаниште. На овој настан ќе му претходат богослужби во охридските цркви кои потоа со литијски поворки ќе пристигнат на пристаништето- истакна Димитар Пендов од Здружението „ Богојавление“ . Тој додаде дека се е подготвено и за Денот на рибарите. Традиционално манифестацијата на Сараиште ќе започне со групното крштевање во 13 часот , а за 15 часот е планирано фаќањето на бурето со вино. Годинава, донатор на  рибната чорба со која се конкурираше за Гинисов рекорд  е хотелот „ Ројал“ . Ќе бидат подготвени околу 7 илјади оброци рибна чорба и  еден тон плашици , од кои дел заедно  со Црвен крст ќе бидат дистрибуирани до детските градинки, здраствените установи и социјално ранливите групи граѓани.

На денешната прес- конференција беше потенцирано дека  речиси 90 отсто од хотелите имаат намалени цени од 12 евра за ноќевање со појадок, а намалувања има и во угостителските објекти. Целта е да се  привлечат што поголем број туристи и да се продолжи зимската туристичка сезона.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1349  пати
Објавено на: 13.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©