Ј.П."Охридски Комуналец"-Охрид Ве известува дека во деновите од
понеделник до петок ќе врши уредување на дрворедите со поткастрување на
крошните од липите на улицата "Македонски Просветители". Поради ова потребно
е отстранување на паркираните возила за непречено извршување на нашите
активности. Уредувањето на дрворедите ќе се врши во деновите:
1. Понеделник 17.11.2014 год. - пресекот на
"Кеј Македонија"со улицата "Партизанска";
2. Вторник 18.11.2014 год. - потегот од ул."Партизанска" до
улицата "Димитар Влахов";
3. Среда 19.11.2014 год. - од улицата "Димитар
Влахов"до "Даме Груев";
4. Четврток 20.11.2014 год. - потегот од "Даме Груев" до пресекот
со улица "Туристичка";
5. Петок 21.11.2014 год. - потегот од "Даме Груев" до пресекот со улица
"Туристичка";
Во зависност од временските услови овој распоред може да претрпи промени ,
за што ќе бидете благовремено известени.
Извор: www.ohrid.gov.mk |