Екипи на ЈП Охридски комуналец, денеска работат на расчистување на јавните површини во старото градско јадро. Утрово се чистеше околу катедралната црква Св. Софија од западната фасадна страна.
Репрезентативните објекти како што е црквата Св. Софија се огледало на Охрид и тие секогаш мора да бидат беспрекорно чисти. Токму поради тоа од ЈП Охридски комуналец велат дека ваквите акции во континуитет ќе продолжат и наредниов период.
Извор: www.ohrid.gov.mk |