Екипите на Јавното претпријатие „ Нискоградба“ деновиве интензивно работат на поставување на фекална канализација на крак на ул. „ Стив Наумов“ со приклучување на главниот вод на истата улица. Должината на канализациониот крак е 100 метри и ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф- 200 .Предвидено е изведување на 5 приклучни шахти, а вкупната вредност на зафатот е 350.000 денари.
Паралелно, екипите на ова јавно претпријатие вршат нивелација на канализациони шахти на ул. „ Ванчо Николески“ во с. Лескоец. Нивелацијата се изведува по поставување на асвалт со што е решено барањето на жителите на ова населено место .Воедно санирана е водоводна шахта по отстранување на дефект на шибер на паркингот кај „ Канео“ во стариот дел на градот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |