Во пресрет на големиот христијански празник Света Петка
градоначалникот на Охрид ,Никола Бакрачески , доцна синоќа
заедно со бројни христијани , охриѓани и дојденци присуствуваше и ги
проследи црковните церемонии кои по повод денешниот празник по
традиција се одржуваат во манастирот посветен на Света Петка.
Градоначалникот Бакрачески се помоли за лично и здравје на
најблиските посакувајќи им на сите верници да ги
води добра мисла и искрена верба во Бога кои се основата за градење на
заедничка среќна иднина .
Извор: www.ohrid.gov.mk |