Во 82 година од животот во Скопје, почина Нико Нестор, пионер во маратонското пливање, прв Македонец кој го преплива каналот Ламанш. Во името на општина Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески до семејството упатува искрено сочувство. Денес со почеток во 11 часот, во просториите на музејот на ВМРО ќе се одржи комеморација, а пригоден збор ќе имаат Викторија Нестор, ќерка на Нико Несто, директорот Марјан Спасески и Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош, како и д-р Иван Заров, директор на Националната и Универзитетска Библиотека Св.Климент Охридски.
На 9 септември 1959 година, Нико Нестор го преплива каналот меѓу Франција и Британија за 12 часа и 6 минути, како прв човек од источна Европа кој го совладал растојанието од Кале до Довер. Нико Нестор е роден на 19 јуни 1934 година во Струга. На републичките првенства освои 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година.
Извор: www.ohrid.gov.mk |