На иницијатива на Секторот за туризам и локален економски развој, денеска се одржа средба со дел од туристичките работници од Охрид, на која се разговараше за актуелната сосотојба во Република Македонија и нејзиното влијание врз туризмот.На средбата беше константирано дека безбедноста е на највисоко ниво, засега има само неколку откажувања на аранжмани, но потребно е позитивна кампања за превентивно да се влијае за намалување на овој негативен тренд.
-На средбата заклучивме дека ќе испратиме официјални покани до амбасадите на земјите од кои има најголем број туристи, да дојдат во Охрид, да престојуваат неколку дена и да видат дека Охрид е целосно безбеден за престој на нивните државјани. Ќе ги замолиме преку позитивна кампања да ги известат медиумите во нивните земји за реалната состојба или да ни препорачаат кои медиуми да ги поканиме да ни бидат гости во Охрид.Туристичките работници сметаат дека заедно со Локалната самоуправа во кампањата треба да се вклучат и министерства за надворешни работи, за внатрешни работи и економија, кои секој на свој начин ќе ги промовира Охрид и Република Македонија , како безбедни места за престој на домашните и странските туристи- рече по средбата, Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој. Тој најави дека туристичките работници ќе ги поканат и најголемите тур- оператори да дојдат во Охрид, за сами да се уверат дека безбедноста е на високо ниво и дека нема реални причини за откажување на туристичките аранжмани.
Учесниците на денешната средба, беа единствени во определбата дека во ширењето на позитивната кампања треба да се вклучат и домашните медиуми и другите општествено одговорни чинители кои на директен или индиректен начин се поврзани со туризмот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |