Панорамскиот двокатен автобус, донација од Владата на Република Македонија за Охрид, денес имаше своја промоција. На градскиот плоштад пред голем број охриѓани, туристи и гости беа демонстрирани перформансите на ова модерно превозно средство, кое е во сопственост на општина Охрид. Првите патници имаа промотивно возење од Градскиот плоштад до Славија, а меѓу патниците беше Градоначалникот Бакрачески, голем број советници од општинскиот Совет, претставници на ХОТАМ, како и претставници на медиумите од Охрид.
- "Она што требало да биде реализирано години наназад, денес конечно имаме можност да го реализираме и да ја збогатиме туристичката понуда на градот со овој современ автобус и со тоа да им овозможиме на сите туристи да имаат прилика за панорамско разгледување на градот, за прв пат во историјата на Охрид". -истакна Градоначалникот Бакрачески
Новиот панорамски автобус е произведен во 2012 година, има капацитет од 60 места за седење и 20 за стоење, а располага со електрична рампа за полесен пристап на инвалидизирани лица..
Маршутата на движење и начинот на експлоатација на панорамскиот автобус ќе биде дополнително утврдена, после добивањето на мислење од стручни лица.
Извор: www.ohrid.gov.mk
Фотографија: www.ohridnews.com
|