Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВЕЧЕРВА ЌЕ СЕ ОТВОРИ СПОРТСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ПОДМОЉЕ
Untitled Document

Вечерва свечено ќе биде ставено  во употреба   новото  повеќенаменско  спортско игралиште во село Подмоље. Случувањето ќе започне во 20:45 часот  со завршниот турнир во мал фудбал помеѓу екипите од  селата Подмоље и Оровник.
 По завршување на фудбалскиот натпревар пред присутните ќе се обрати градоначалникот Никола Бакрачески кој ќе ги додели и пехарите на трите  фудбалски  екипи кои покажаа најдобри резултати   по одиграните  фудбалски натпревари на новиот терен.
Повеќенаменското  игралиште е  составено од три дела. Игралиште за фудбал со димензии 30 на 15 метри, игралиште за кошарка и игралиште за одбојка на песок.
До игралиштето  и новите  трибини  изградена е пешачка патека со бехатон елементи и помошни скали . Просторот е ограден со жица и осветлен со рефлектори, со што се овозможува спортување и во вечерните часови. Поставена е и нова водоводна линија и чешма.


Новото повеќенаменско  спортско игралиште е проект на општина Охрид вреден околу 730.000 денари. Изведувачи на активностите беа  охридските јавни претпријатија.
Во Охрид речиси една година функционира повеќенаменското  игралиште во  населба Лескајца како и игралиштето за одбојка на песок во населбата Воска- Даљан. Во тек се активностите за  изградба  на игралиштата во селата,Трпејца и Лескоец а во наредниов период ќе се уредуваат игралиштата во населбите, „Христо Узунов “, “Стобекс“ и“Билјанини извори“. Ново детско игралиште ќе добие и населбата „Даљан“ а  постоечкото игралиште ќе добие ново осветлување. Нов  привлечен изглед ќе добие и детското игралиште кај мостот „Студенчишта“, а ќе се обнови и спортското игралиште во близина на  Територијалната против пожарната единица во Охрид.         

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 03.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©