Во чест на големиот православен празник „ Богојавление- Водици“ синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ концерт со духовна музика одржа хорот „ Св. Злата Мегленска“ .
-Општина Охрид ни направи голема чест со поканата да бидеме дел од чествувањето на „ Богојавление- Водици„ бидејќи овде се случува најмасовниот црковно- народен собир во земјите на православието. Нашиот репертоар го прилагодивме за овој голем празник и веруваме дека нашата позитивна енергија ја споделивме со бројната охридска публика- рече Летка Димоска- Полизова.
Хорот „ Св. Злата Мегленска“ е формиран во 1986 година и во својата богата кариера има освоено 23 меѓународни награди. Годинава хорот ќе учествува на Светската хорска академија што ќе се одржи во Латвија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |