Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ РАЗИГРАНО ОРО“
Untitled Document

На летната сцена на Центарот за култура  „Григор Прличев“ , синоќа свечено беше отворен  осмиот Меѓународниот фолклорен фестивал „ Разиграно оро“ . Фестивалот за отворен го прогласи заменик- градоначалникот  Ангел Јанев, кој истакна дека Охрид деновиве ќе биде полн со младост, музика, песни и ора.

-Нашата порака, како Ваши домаќини е да се чуствувате како дома. Најдете слободно време да прошетате и  да посетите дел од богатото  културно наследство, старо околу седум илјади години. Почуствувајте го духот на прекрасниот Охрид.  Дури тогаш ќе видите зошто Охрид и Охридското Езеро, како светско културно и природно наследство се под заштита на УНЕСКО. Велат, само во Охрид има таква хармонија меѓу културата и природата и дека таа дава некоја чудна инспирација и топлина во душата, им порача на фолклористите, заменик- градоначалникот Ангел Јанев.

На осмиот Меѓународен фолклорен фестивал има околу илјада учесници од Македонија, Русија, Полска, Турција, Црна Гора, Србија и Бугарија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1301  пати
Објавено на: 01.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©