Во Стариот дел на градот, денес, започнаа активности за реконструкција и санација на улици и потпорни ѕидови. Ова е дел од програмата за реконструкција и одржување на улици од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Санацијата започна од улицата „Кузман Капидан“, односно од Самоиловата тврдина до „Горна Порта“, а наредниот период ќе продолжи и на други улици и ќе се санираат неколку потпорни ѕидови. Изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“, а вредноста на целиот проект е 6 891 589 денари.
Со овај зафат се излегува во пресрет на долгогодишните барања на жителите за санација на калдрмата во Стариот дел на градот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |