Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески после денешната средба со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димоски најави изградба на откупен центар за овошје.
Една од темите на која беше разговарано се однесуваше на можноста за отворање на откупен центар и ладилник во с. Лакочереј за кој веќе Секторот за урбанизам и просторно планирање при Локалната самоуправа пристапи кон изработка на планска документација за пренамена на земјиштето на тој дел врз основа на кое што подоцна ќе следат постапки за договарање со странски инвеститор.Во изминатиов период имавме голем број инвеститори кои беа заинтересирани за изградба на еден ваков откупен центар со ладилник со што ќе се остварат и нашите ветувања кон граѓаните кои живеат во овој дел, а секако и останатите земјоделци ќе бидат стимулирани да го развиваат своето производство, посебно за производство на познатата охридска цреша и секако останатите култури пред се овошје. Со тоа нема да го развиваат само својот бизнис туку и да оставруваат нови вработувања, токму она што е и наша круцијална цел- рече градоначалникот Бакрачески.
Во изминатиов период одредени компании надвор од Македонија беа присутни на теренот во Охрид и задоволен сум од желбата да му се помогне на Охрид во делот на земјоделството, а новина е и отворањето на канцеларијата која работи во рамките на Секторот за туризам и локален економски развој која што ќе го поттикнува развојот на земјоделието и ќе овозможи стручна помош на земјоделците на овој крај со што ќе се детектираат проблемите и начините за нивно брзо решавање.
Морам да го искажам своето задоволство заради соработката со градоначалникот Бакрачески и секако да додадам дека изградбата на овој откупен ценар би бил иницијатор за забрзување на овоштарството во Охрдскиот регион, посебно за охридската цреша која е карактеристична за ова поднебје – рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски.
Градоначалникот Бакрачески најави дека ќе следат и низа други мерки за развој на земјоделието во Охрид и привлекување инвестиции во овој крај.
Извор: www.ohrid.gov.mk |