Во селото Трпејца, денес, започнаа градежните зафати за изградба на
повеќенаменско игралиште. Стручни екипи од Секторот за комунални дејности,
сообраќај и улици, извршија мерења на просторот каде треба да се гради
игралиштето, по што следува уредување на теренот со механизација.
Игралиштето ќе биде оградено и хортикултурно уредено. Градежните зафати во
целост ги изведува ЈП „Градски гробишта“, а средствата се обезбедени од
буџетот на општина Охрид. Изградбата на игралиштето се очекува да финишира
до крајот на оваа година.
Изградбата на повеќенаменското игралиште во Трпејца, поризлезе од
неодамнешната средба која градоначалникот на општина Охрид, Никола
Бакрачески ја оствари со претставници од месната заедница и со жителите на
Трпејца, а е дел од проектот за изградба на повеќенаменски игралишта во
урбаните и месните заедници. Со реализацијата на овај проект уште еднаш се
потврдува ставот и политиките на локалната власт за решавање на барањата и
проблемите на граѓаните кои се сознаваат преку директен контакт со нив.
Извор: www.ohrid.gov.mk |