Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА ФЕСТИВАЛОТ „КАНЕОФЕСТ 2014“
Untitled Document

На летната сцена „Долни Сарај“ , синоќа свечено беше отворено тринаесетото издание на фестивалот „КАНЕОФЕСТ 2014“ , што го организира ТВ Морис со поддршна на општина Охрид и бројни помагатели  . На свеченото отворање, заменик- градоначалникот Ангел Јанев на учесниците им посака успешни фестивалски денови и многу хитови.

-Ќе се согласите со мене, традиција, достојна за почит, за гордост, како на организаторите така и на сите нас, гордост на овој волшебен Охрид ...
Заеднички, посакуваме, со песната на овие млади луѓе,  и ова фестивалско издание на КАНЕОФЕСТ, да ја остави трагата која ја оставаше и досега во нашата музичка и културна историја
, рече Ангел Јанев.

На првата фестивалска фолк вечер беа изведени дваесет нови композиции, а во ревијалниот дел настапија Јордан Митев и КУД „ Младост“ од Кичево. Вечерва ќе биде посветена на  поп- музиката и ревијален  настап на неколку познати имиња од македонската естрада.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1306  пати
Објавено на: 04.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©