Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО НАЈПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА ОПШТИНА ОХРИД Е ПРОДАДЕНА ПАРЦЕЛАТА КАЈ КАНЕО
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески,денеска  уште еднаш јавно ги демантираше манипулациите на одредени опозициони советници  за наводна продажба на  парцелата во УЗ 1 во близина на Канео  за многу ниска цена  односно за   само 20 евра.

- Продадени се 201 метар квадратен по цена од 51 000 денари  за метар квадратен односно  вкупно   за  10 милиони 251 илјада денари.  Станува збор за една од најскапо платените локации во Република Македонија  . Реално ова земјиште е продадено за дури 40 пати поголема сума од почетната  која што беше одредена за наддавање согласно критериумите и законот.  Од приходите по продажбата 80 %  одат на општинска сметка а 20 % во буџетот на  Р. Македонија. Секако тие средства ќе бидат искористени како еден баланс кој што постојано го правиме односно дел од нив  ќе бидат наменети   за отплаќање на стари долгови а  дел за развојни програми кои што секојдневно им ги нудиме на граѓаните  на Охрид,објасни градоначалникот  Бакрачески  кој  по обвинувањата на опозиционите советници  за наводно не откривање  на купувачот по  којзнае кој пат  истакна дека станува збор за    компанијата “Инвест Билдинг“ од Скопје  

-Купувач на парцелата  е  “Инвест Билдинг“ со седиште во населба Аеродром во Скопје. Она што нас ни е познато и е познато на целата македонска јавност.  Жалам што граѓаните на Охрид со вакви прашања се ставаат во заблуда. Вие знаете дека тој процес е транспарентен и информациите за потенцијалните купувачи или за купувачот на конкретната локација се информации од јавен пристап.  Тие информации може да ги има секој граѓанин на Р. Македонија и секој друг граѓанин кој  слободно може да пристапи и да ги погледне  содржините  објавени на  веб страната  на општина Охрид, подвлече Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 13.03.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©