Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОРАТОРСКИ СРЕДБИ ВО ЧЕСТ НА ПРЛИЧЕВ
Untitled Document

По повод 155 години од наградувањето на поемата „Сердарот”, општина Охрид во соработка со основните училишта и НУ Библиотека „Григор Прличев “, од 18-ти март започнува со реализација на проектот „Ораторски средби”.

Осум млади оратори од охридските основни училишта ќе се натпреваруваат за Ловоровиот венец  кој, на најдобриот оратор, ќе  биде врачен од страна на градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески на 25-ти март- денот кога пред  155 години со ваква награда беше овенчан  Великиот  Григор Прличев.


Според пропозициите, на 18-ти, 19-ти и 20-ти март, во салата на НУ Библиотека „Григор Прличев” со почеток од 12 часот, ќе се одржат три полуфинални натпревари на кои, според одлуката на стручна жири - комисија, ќе испаѓаат по двајца натпреварувачи.
Финалниот натпревар на кој ќе биде избран најдобриот ќе биде на 25-ти март.


На ваков начин, преку најмладите таленти, општина Охрид   уште еднаш го потврдува вонврменското значење на ликот и делото на неповторливиот Прличев и ја стимулира творечката креативност на младата охридска популација.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1419  пати
Објавено на: 17.03.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©