Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ БЕШЕ МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ ОД СПОРТСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ПРИ ОУТУ “ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“
Untitled Document

Во пресрет на патрониот празник на Општинското  угостителско туристичко  училиште, “Ванчо Питошески“ денес градоначалникот на Охрид, Никола  Бакрачески ги посети  спортските  паралелки по ракомет и фудбал, што  функционираат во рамки на ова училиште.  

На задоволство на присутните, градоначалникот Бакрачески  на терен   ги измери спортските сили  со учениците при што  одблиску се запозна со  условите  за спортување кои што ги имаат како и за сето она што како инвентар и реквизити им се потребни. 

Градоначалникот увиде   дали  Ракометната и Фудбалската   федерација  на Република Македонија стоеле на договорот во поглед  на  доставување на потребните реквизити за спортување  како  и  дали се во ред  условите  што  Локална самоуправа им го обезбеди на учениците  со цел   доколку  евентуално  постои некоја слабост или некоја пречка  при функционирањето на овие  паралелки истите   да бидат надминати.

Станува збор за први паралелки од ваков тип кои функционираат во рамки на ова училиште. Паралелките се регионални што значи дека учениците се  од градовите од регионов: Струга, Дебар , Кичево, Вевчани и  секако  од Охрид. Во фудбалската паралелка  се запишани 25 а во паралелката за ракомет 10 деца. Со ова реализиравме едно од нашите ветувања за формирање на Спортска академија за која што се надеваме дека  бројот на ученици ќе биде се поголем а интересот на децата кои што сакаат да учат  и да спортуваат од година во година ќе расте, со што претпоставувам дека ќе имаме можност да отвориме и други паралелки по други спортови, изјави непосредно по посетата на паралелките, градоначалникот Никола Бакрачески објаснувајќи дека   уписот на децата бил  со претходна селекција  од страна на стручњаци , педагози, спортисти од ракометната и фудбалска федерација на Република Македонија.

- Значи  на некој начин  со основањето на овие две паралелки кои се први од ваков вид вршиме лов на спортски таленти. Ги избравме децата кои навистина се талентирани и сакаат да спортуваат а со тоа ги поттикнуваме и останатите деца да спортуваат затоа што спортот е битна  или најбитна компонента за здрав живот, додаде Градоначалникот.

 Спортските паралелки се формирани врз основа на програмата на Владата на Република Македонија,  со заеднички напори и вложување на општина Охрид од една и  ракометната и фудбалска федерација на Македонија од  друга страна.

-Децата  на спортските вештини ги учат тројца тренери а ангажиран е и  еден физиотерапевт  за чие  финансирање се грижиме ние, односно Општината. Исто така трошоците за  објектите каде тренираат децата , односно во  СРЦ “Билјанини извори“ и каде престојуваат во ученичкиот дом при ОУТУ „Ванчо Питошески“ на товар на општина Охрид. Опремата што ја користат учениците за спортување е од  ракометната  и фудбалска федерација на Република Македонија, додаде градоначалникот Бакрачески, потенцирајќи дека покрај стручните предмети , учениците следат настава по гимназиска програма што секако е голема предност.      

 

-Покрај стручните,  останатите   наставни предмети кои ги учат учениците во овие две паралелки  се  по гимназиска програма а тоа значи дека тие понатака можат да го продолжат своето образование  на кој и да било Универзитет во државава или странство. Со ова воведуваме една нова компонента во функционирањето на ОУТУ“Ванчо Питошески“, додаде градоначалникот Бакрачески.     

Инаку по повод утрешниот патрон празник на Средното  угостителско училиште  “Ванчо Питошески“ градоначалникот Бакрачески денес  присуствуваше  и на  пригодна свеченост  на која беа промовирани јадењата кои ги подготвија идните млади готвачи кои учат во ова охридско  училиште.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1401  пати
Објавено на: 17.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©