Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ – ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ
Untitled Document

По повод Европската недела на мобилност која оваа година се одржува под мотото „Паметна и одржлива мобилност-влог за Европа“,Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид, 22-ри септември (четврток) го прогласи за Ден без автомобили.

Општина Охрид која и годинава е дел од мрежата на европски градови кои ја одбележуваат Европската недела на  мобилност, активностите ќе ги започне во 11 и 30 часот со собирање на учесниците пред зградата на општина Охрид каде  ќе настапи хорот при ОУ „Братство-единство“, а потоа ќе се обрати градоначалникот д-р. Никола Бакрачески.

За таа цел во соработка со СВР- Охрид и Советот за безбедност во сообраќајот,за организирање на велосипедското дефиле, за сообраќај ќе бидат затворени неколку фреквентни сообраќајници и тие ќе се резервираат за велосипедисти и пешаци. Во периодот од 12 до 14 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците :„Димитар Влахов“од пред општинската зграда до пресекот со бул. „Македонски просветители“, „Македонски просветители“ до пресекот со Кеј „Македонија“,Кеј „Македонија“до пресекот со ул.„АСНОМ“,ул.„АСНОМ“ до пресекот со бул.„Туристичка “, бул. „Туристичка“ до пресекот со бул.„Македонски просветители“, бул.„Македонски просветители“ до пресекот со ул. „Партизанска“ , ул.„Партизанска“ до пресекот со ул. „Ванчо Николески“ и ул. „Ванчо Николески “ до пресекот со ул. „Димитар Влахов“.

Општина Охрид ги повикува граѓаните масовно да се вклучат во оваа акција и барем еден ден во годината на работа да дојдат без автомобили.
Во четврток, оставете го автомобилот дома и уживајте во возење велосипед или пешачење, знаејќи дека ќе го направите вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1367  пати
Објавено на: 20.09.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©