По претходно барање на жителите од населба Далјан а во насока на заштита на правата и интересите на охриѓани денес по налог на општина Охрид, беше урнат бесправно изграден ѕид- ограда крај една од зградите во населбата. Несовесен жител за лични интереси оградата ја подигнал на површина од четриесеттина метри иако немал претходна дозвола за градба.
Денешниот чекор на уривање, општина Охрид го презеде по неодамнешниот увид на надлежните служби од Локалната самоуправа кои констатираа дека станува збор за нелегална градба на јавна површина.
Општина Охрид во рамки на своите ингеренции и во иднина ќе презема вакви активности против физичките или правни лица кои нелегално градат.
Извор: www.ohrid.gov.mk |