Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДРЖАВЕН ИЗБОР НА НАЈДОБАР УЧЕНИК ВО СТРУКАТА
Untitled Document

Во  ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ денеска се одржа државниот избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија од областа на електротехниката, машинството и сообраќајот. На почетокот на натпреварот, пред учеснисниците и нивните ментори, како и претставниците на Министерството за образование, Центарот за стручно образование и Електро- техничкиот факултет при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ , се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев.

-Уверен сум дека овој проект за избор на најдобрите во струката ќе ги мотивира учениците и  наставниците преку натпревар да ги одмерат знаењата, енергијата и желбата да се биде најдобар.Преку ваквите натпревари, училиштата со поддршка на општествената заедница, обезбедуваат квалитетно стручно образование  и обука која одговара на современите потреби на пазарот на трудот и зголемување на стапката на вработеност.Оваа определба е важна не само за актуелната сегашност туку и за во иднина, бидејќи во услови на забрзан економски развој и привлекување на странски инвестиции, најважно е да се има квалификувана работна сила.Ние повозрасните,наставниците, работодавачите и општествено одговорните чинители , треба да Ве научиме дека инспирацијата,мотивите, одржувањето на   вниманието,покренувањето акции, отворањето и потсрекнувањето на нови активности, се темелите врз кој се развива лидерството. Токму тој предизвик да се биде најдобар ги мотивира и другите  да ги следат Вашите чекори, а бенефит од сето тоа ќе имате Вие но и пошироката заедница- рече во обраќањето заменик градоначалникот Ангел Јанев.

На изборот на најдобар ученик од струката од областа на електротехниката,машинството и сообраќајот, што е дел од проектот „ Лидер“ , учесниците се натпреваруваа во теоретски знаења и практични вештини.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1391  пати
Објавено на: 30.11.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©