Советот на Општина Охрид, на денешната седница донесе одлука за прекинување на мандатот на советникот Томислав Тунтев, кој на предвремените парламентарни избори беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во образложението за прекин на мандатот на Тунтев , беше речено дека согласно со законските прописи не може истовремено да се извршуваат функциите пратеник и советник.
По носењето на одлуката, седницата беше прекината, бидејќи за неколку дена , на продолжение на прекинатата седница треба да се верификува мандатот на новиот советник од листата на коалицијата „ Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ. На продолжението ќе се расправа и по останатите триесетина точки од дневнот ред за дваесет и третата седница на Советот на Општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |