Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ шеесет и првата седница на Советот на општина Охрид на ден 10.10.2016 година (понеделник) со почеток во 11,oo часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог Одлука за прифаќање на Иницијативата за експропријација на градежно земјиште во приватна сопственост заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење - катна гаража.
- Предлог Одлука за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижност.
- Предлог Одлука за донесување детален урбанистички план за УЗ 8 УБ 8.1 за ГП 1 на дел од Кп.бр.11843 КО Охрид 2, општина Охрид, 2012 – 2017.
- Предлог Одлука за донесување детален урбанистички план за градежна парцела 2.4.20 во УЗ 2, дел од УБ 2.4 на Кп.бр.16545 и 16546 КО Охрид 3, општина Охрид, 2012 – 2017.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Гордана Коњановска Извор: www.ohrid.gov.mk |