Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОБРАЗОВАНИЕТО И ПОЛИЦИЈАТА ПРОТИВ ДРОГАТА ВО ЗАЕДНИЦАТА
Untitled Document

Проектот „ Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“ што заеднички го реализираат Секторот за внатрешни работи  и Локалната самоуправа продолжи со имплементација во основните  училишта во Охрид. Од почетокот на месецов предавања за штетноста од употреба на дрогите се одржаа во ОУ „ Христо Узунов“ , ОУ „ Григор Прличев“ , ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец со подрачните училишта од селата Куратица и Косел, ОУ „ Кочо Рацин“ со подрачното училиште од село Долно Лакочереј  и ОУ „ Живко Чинго“ од село Велгошти.


Во текот на месец март годинава, проектот се реализираше во охридските средни училишта, а неговата цел е  превентивно да се делува  за  да се  подигне   свеста кај младата популација од опасноста од употребата на дрога.   

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 20.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©