Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД 28 СЕПТЕМВРИ- МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БОШЊАЦИТЕ
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, по повод 28 Септември- Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на Бошњачката етничка заедница во Охрид и во Република Македонија.

--            Припадниците на Бошњачката заедница  се значаен дел  во Охрид и Република Македонија , и со одбележувањето на овој ден се афирмира идентитетот и културата на оваа заедница која е дел од нашето мултиетничко општество. Во нашиот богат и единствен мултикултурен мозаик неизбришливо е присуството на Бошњачката заедница која со својата традиција и култура го збогатува нашето секојдневие и разноликост. Бошњаците  како и припадниците на останатите етнички заедници, безрезервно го даваат својот придонес во сите сфери на животот во Република Македонија со што придонесуваат за  економски развој и благосостојба на државава.
Нека нашето почитување и заемно разбирање, нѐ водат по патот на севкупниот развој и напредок на нашава држава, за што и понатаму  ќе работиме и активно ќе придонесуваме. Независно од етничките и религиски различности сите заедно  создаваме  дела и вредности од траен карактер. Да продолжиме и понатаму заедно да градиме хармонија, просперитет и благодет за нас и за нашите потомци- стои во честитката на градоначалникот Бакрачески по повод меѓународниот ден на Бошњаците.

.    

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 27.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©