Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЛОКАЛНАТА ПРОДОЛЖУВА ДА РАБОТИ НА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ШТО ИМ ЈА ВЕТИ НА ОХРИЃАНИ
Untitled Document

На прес конференција одржана во општинската зграда, портпаролот  на Локалната Томе Џамтоски ги отфрли  сите обвинувања  на Социјал демократите  кои се однесуваа на работењето на Општина Охрид, Јавните Претпријатија и установи што се под нејзина надлежност.   

“Општинската организација на СДСМ  најмногу време потроши на распишаниот конкурс за избор на директор на ЈП Ниско градба , без притоа да  посочат на суштински пропусти во постапката , затоа што ги нема. Впрочем и во расправата на една од Седниците на Совет на општина Охрид се расправаше на оваа тема и денешното повторување е само бесцелно политичко ангажирање. Само да потсетиме дека конкурсот е во согласност со Законот за јавни претпријатија и Статутот на ЈП Ниско Градба“, истакна Џамтоски.

И во однос на конкурсот распишан за ЈОУДГ “Јасна Ристеска“,  обвинувањата на СДСМ се празна реторика посочи општинскиот портпарол,  укажувајќи дека и овој конкурс е во рамките на предвидените законски норми од Законот за јавни службеници и Законот за заштита на децата.

“Во однос на барањето за посебни лиценци за воспитувачите и негувателите  ќе потсетиме дека тоа е светска практика, за постојано надградување на знаењата на оние лица на кои им ги доверуваме нашите најмили-децата. Што се однесува до употребата на англискиот јазик,  Локалната ќе ги  поддржи сите  законски измени ,или подобрувања  на сето она што ќе значи поубава слика на Охрид, што значи и познавање на англискиот јазик и меѓу таксистите и меѓу воспитувачките односно просветните работници“,  потенцира Џамтоски. 

Без да се познаваат работите, и без да се посочи за што суштински се работи од СДСМ се дрзнаа да говорат за ребалансот на буџетот за кој всушност ништо не разбрале, рече Џамтоски.
“Финансиските средства од Светска Банка планирани во буџетот на општина Охрид за 2013 г, не се класични банкарски средства кои се трансферираат на општинска сметка, туку  тоа е кредитна линија за финансирање на инфраструктурни проекти.  Новата локална власт, при превземањето на мандатот се соочи со фактот дека  дотогаш Општина Охрид, НЕМАШЕ ИЗРАБОТЕНО НИТУ ЕДЕН ПРОЕКТ, кој може финансиски да биде поддржан за реализација од кредитната линија на Светска банка во 2013 г., односно не постои ниту еден основ по кој може да се искористат овие средства.

Ребалансот на буџетот на општина Охрид за 2013 година, во никој случај не претставува намалување на средства во висина од 500 милиони денари, што е апсурдно заради фактот што основниот буџет- изворни приходи на општина Охрид за 2013 година, е во висина од 610 милиони денари. Намалување на приходниот дел на буџетските средства во висина од приближно 167 милиони денари е во ставката за надомест на уредување на градежно земјиште (комуналии). На остварување на овој приход во најголема мерка влијаеше укинувањето на практикувањето на поравнување, односно законски недозволениот начин на плаќање со цесии, асигнации и компензации. Од април до октомври годинава споредено со истиот  период лани, општина Охрид  остварила многу повеќе средства по однос на прибрани средства по основ на  данок на имот, данок на доход, такси и надоместоци, закупнина на општински имот и сл. , односно на ниво на планирани за 2013 година“, потенцира Џамтоски. 

На денешната средба со новинарите беше посочено дека новото локално раководство  со преземање на функцијата посветено  работи на Решавање на проблемот со енормно големиот  наследен долг на општината од 32 милиони евра, а доследно ќе продолжи во реализацијата на програмата одобрена од граѓаните на Охрид на последните локални избори.   

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1288  пати
Објавено на: 28.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©